Вербалната расправија заврши со гест кој сите го разбраа

Провокација од Манолас за Суарез, му покажа три прсти и го потсети на болната елиминација во ЛШ (ВИДЕО)

Костас Манолас на синоќешниот натпревар помеѓу Наполи и Барселона испрати провокација до Луис Суарез и го потсети за болната елиминација од Лигата на шампионите од пред две години и поразот од Рома од 3-0.

Гркот и Уругваецот имаа неколку дуели во воведните минути од првото полувреме, а кога беше направена кратка пауза за играчите да се освежат, двајцата започнаа мала расправија на теренот и почнаа да си дофрлаат нешто.

Се заврши со еден гест на Костас Манолас, дефанзивецот му покажа три присти на Луис Суарез. Поракаа е јасна, фудбалерот на Наполи го потсети Уругваецот за болната елиминација од Лигата на шампионите пред две години.

Рома направи голем кам-бек, дома славеше со 3-0 и токму Костас Манолас го постигна третиот гол кој значеше дека Барса со наведната глава ќе се врати дома.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе