Протоколот е подготвен, ФФМ утре ќе има нова средба со клубовите

ФФМ и прволигашите утре ќе имаат нов состанок на тема продолжување на сезоната, главен акцент ќе се стави на протоколот кој треба да биде презентиран пред клубовите. 

Фото: ФФМ
Се уште е нејасно дали Првата македонска фудбалска лига ќе го дочека крајот и тој во каков облик ќе биде. Фудбалската федерација на Македонија за утре најави нов состанок со клубовите на кој ќе се разгледуваат нови моменти како што е протоколот кој е неопходен за играње фудбал во услови на коронавирус.

„Фудбалската федерација на Македонија ги подготви и денеска пред претставници на координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19 ги презентираше сите услови од здравствениот протокол за враќање на фудбалските екипи на тренинзите и натпреварите со целосна одговорност, враќањето на фудбалските терени да биде максимално сигурно за сите учесници.

Токму тоа ќе биде една од важните теми на утрешниот состанок во „Куќа на фудбалот“ со претставници на клубовите од Прва МФЛ во насока заедно да се вратиме на фудбалските терени.

Координативниот кризен штаб за здравствена заштита пред неколку дена побара од ФФМ да подготви здравствен протокол, а федерацијата веќе го достави бараниот протокол до надлежните институции и до клубовите, а истиот утре (22. мај) од 12:30 часот ќе биде детално презентиран и од страна на епидемиологот д-р Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје.

ФФМ заедно со клубовите треба да донесе конечен став околу натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ, а еден од главните услови е да се подготват и насочат клубовите за враќање во вообичаениот тренинг и ритам за натпревари со точно утврдени мерки за заштита на здравјето на фудбалерите и сите други фудбалски работници“, стои во соопштението на ФФМ.

Легенда под Главна слика

Фото: ФФМ

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе