Извршниот потпретседател на „ѓаволите“ дал отчет за работата на трансфер пазарот

Протече мејл од Ед Вудворд до соработниците во Манчестер јунајтед: Ќе ангажираме неколку возбудливи играчи

Медиумите од Англија стигнаа до мејл кој пред неколку дена бил испратен од Ед Вудворд до соработниците во Манчестер јунајтед, извршниот потпретседател најавил дека ќе бидат ангажирани неколку возбудливи играчи.

„Ѓаволите“ денеска го комплетираа трансферот на Арон Ван Бисака. Младиот десен бек пристигна од Кристал Палас за 45+5 милиони фунти и стана еден од најскапите дефанзивци во светот.

Англичанецот е второ засилување за Оле Гунар Солскер по Даниел Џејмс. Манчестер јунајтед се очекува да донесе барем уште три нови имиња, и според Ед Вудворд тоа ќе бидат возбудливи играчи.

Медиумите од Англија објавија мејл кој извршниот потпретседател го испратил до персонал за да ги извести за работата на трансфер пазарот. Ед Вудворд бара од соработниците да не наседнуваат на лажни стории и најавува пристигнување на фудбалери кои ќе се вклопат во долгорочната визија на клубот.

„И покрај тоа што цените се надувани и постојано има шпекулации и најразлини стоири кои често се лажни, тимот кој е задолжен за носење нови играчи, во соработка со тренерот (Оле Гунар Солскјер), работат спокојно зад сцената за да донесат возбудливи играчи кои ќе се вклопат во долгорочната визија на клубот“ - се вели во мејлот, кој е испратен пред неколку дена.

„По пристигнувањето на Даниел Џејмс од Свонси, задоволен сум што можам да потврдам дека го договоривме и Арон Ван Бисака од Кристал Палас. Тој перфектно се вклопува во филозофијата на Оле и плановите за иднината“.

По трансферот на Арон Ван Бисака, се очекува Манчестер јунајтед да се фокусира на ангажман на двајца фудбалери од средниот ред и еден централен дефанзивец. Шон Лонгстаф од Њукасл и Бруно Фернандеш од Спортинг се посочуваат како засилување за средниот ред, додека Хари Мегваер од Лестер како засилување за одбраната.

На листата со желби се и Деклан Рајс од Вест Хем, Иван Ракитиќ од Барселона и Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, но се верува дека дел од овие имиња се само како опција во случај некои ѕвезди како Пол Погба, Алексис Санчез или Ромелу Лукаку да заминат од Олд Трафорд ова лето.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе