Лига Куп

Проработе Хаверц, постигна хет-трик за убедлива победа на Челси (ВИДЕО)

Каи Хаверц даде три гола во убедливата победа на Челси од 6-0 над Барнсли во Лига Купот, Арсенал го доби дербито против Лестер со 2-0, Евертон со 5-2 славеше кај Флитвуд. 

По разочарувачките први настапи за Челси, Хаверц денеска профункционира во Лига Купот откако со постигна три гола во дуелот со Барнсли.
 
Останатите погодоци беа дело на Абрахам, Баркли и Жиру, Челси победи со 6-0.
 
Тиаго Силва го одигра целиот меч, ова беше негово официјално деби за Челси, а првите минути ги имаше и Чилвел кој во игра влезе во 66. минута.
 
Дербито од Лига Купот се играше меѓу Лестер и Арсенал. Топчиите победија со 2-0, со автогол на Фукс и погодок на Нкетиа.
 
Евертон со 5-2 победи кај Флитвуд. Ришарлисон даде два гола, по еден постигнаа Ивобу, Бернард и Кин.
 
Најубедлив беше Њукасл кој со 7-0 го совлада Морекамб. Жоелингтон даде два гола, по еден Алмирон, Марфи, Хајден, Ласкелс, еден беше автогол.
 
Во другите мечеви Фулам со 2-0 го победи Шефилд Венздеј, Барнли со истиот резултат славеше кај Милвал, со 2-0 победи и Брајтон кај Престон, Стоук со минимални 1-0 беше подобар од Гилингем.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе