Премиерлига

„Проектилот“ на Родри не го бранеа двајца, Сити го победи Евертон (ВИДЕО)

Манчестер Сити без многу проблеми го совлада Евертон со 3-0, Родри постигна прекрасен гол, Шпанецот испука „проектил" од 25 метри.

Манчестер Сити се врати на втората позиција на табелата и на -3 во однос на Челси откако попладнево пред своите фанови славеше со 3-0 против Евертон.

Избраниците на Пеп Гвардиола доминираа на теренот, „карамелите“ добро се бранеа до финишот на првото полувреме кога Кансело мајсторски му аситираше на Стерлинг за 1-0.

На стартот од вториот дел Родри начека една топка на 25 метри и испука „проектил“ под пречката за 2-0.

Во финишот од мечот, Бернардо Силва ги постави конечните 3-0, една одбиена топка стигна до Португалецот кој рутински го матираше Пикфорд.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе