Ќе пропушти уште неколку натпревари

Продолжува кошмарот на Агуеро, напаѓачот на Сити е позитивен на ковид-19

Кун Агуеро соопшти дека е заразен со коронавирус, напаѓачот на Манчестер Сити повеќе од десет дена е во самоизолација поради близок контакт со позитивен на ковид-19.

Продолжува кошмарот на Кун Агуеро, наместо дозвола за напуштање на самоизолција, напаѓачот доби позитивен тест на ковид-19.

Аргентинецот требаше да биде стартер за Манчестер Сити против Бирмингем на 10. јануари, но Пеп Гвардиола беше принуден да направи промена на плановите во последен миг, Кун Агуеро се самоизолираше поради близок контакт со позитивен на ковид-19

Се чинеше дека напаѓачот ќе куртули откако поминаа десетина дена, но Кун Агуеро развил симптоми и последниот тест покажал дека и тој е заразен со коронавирус.

„По близок контакт, бев во самоизолација и последниот тест покажа дека сум позитивен на ковид-19. Имам симптоми и ги следам препораките на докторите. Чувајте се!“ – напиша Кун Агуеро на социјалните мрежи.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе