Челси

Продажбата на Челси ќе биде комплетирана во понеделник

Челси денеска потврди дека е постигнат конечниот договор за преземање на клубот од страна на конзорциумот предводен од Тод Боли, клубот од понеделник би требало да почне да работи со новиот газда. 

Трансакцијата од 4,25 милијарди фунти треба да се случи во понеделник по што ќе се официјализира зделката и Челси ќе ја почне ерата пост Абрамович. 
 
По месеци преговори, во средата британската влада ги прифати гаранциите дека средствата нема да бидат злоупотребени од Роман Абрамович, дека Русинот нема да има никаков бенефит од продажбата.
 
Процедурата е во завршна фаза, а како финален ден се прогнозира понеделник кога треба да легнат парите од новиот сопственик.
 
„Челси може да потврди дека финалниот и конечен договор за продажба на клубот на Тод Боли/Кларклејк Капитал конзорциум беше постигнат доцна синоќа. Се очекува трансакцијата да биде комплетирана во понеделник. Клубот ќе потврди кога ќе се случи тоа“, стои во соопштението на Челси.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе