Напаѓачот денеска беше опериран

Проблеми за Наполи, Осимен ќе паузира дури три месеци

Наполи попладнево соопшти дека Виктор Осимен ќе паузира дури три месеци, напаѓачот заработни неколку фрактури на лицето по еден воздушен дуел со Мартин Шкрињар на дербито против Интер.

Проблеми за Наполи на нашиот Елиф Елмас, лидерот во Серија А подолго време нема да може да смета на услугите на напаѓачот Виктор Осимен.

Нигериецот заработи неколку фрактури на лицето по еден воздушен дуел со Мартин Шкрињар на дербито против Интер и денеска бил опериран.

Лучано Спалети се надеваше дека Виктор Осимен ќе паузира три до четири недели и ќе биде подготвен за дуелот против Милан на 19. декември. Сепак, попладнево Наполи соопшти дека голгетерот ќе паузира дури 90 дена.

Со ваква прогноза, Виктор Осимен ќе го пропушти и Купот на африкански нации. Останува да се види дали евентуално ќе може да се врати побрзо со маска на лицето, или пак Наполи речиси до крајот на февруари ќе мора да се снаоѓа без најскапото засилување во својата историја.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе