Солшер го планира тимот без најдобриот

Проблеми за Јунајтед пред дербито со Ливерпул, Рашфорд нема да настапи

Оле Гунар Солшер не верува дека ќе го има на располагање Маркус Рашфорд за големото дерби против Ливерпул кое се игра во недела. 

Во недела од 17:30 часот, Манчестер јунајтед му гостува на Ливерпул во големото англиско дерби. 
 
Се очекува Маркус Рашфорд да го пропушти овој дуел поради повреда на грбот.
 
Сметам дека тој нема да биде подготвен. Ќе му дадеме колку време и да треба за комплетно да се опорави“, изјави Солшер.
 
Рашфорд оваа сезона ги почна сите натпревари од Премиерлигата, тој е најдобриот стрелец во тимот на Јунајтед со 20 голови во сите натпреварувања.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе