Пеп ќе мора месец дена со крпена одбрана

Проблеми за Гвардиола и Сити, останаа со само еден централен дефанзивец откако се повреди и Стоунс

Пеп Гвардиола во следните месец дена ќе мора со крпена одбрана, стратегот на располагање има само еден централен дефанзивец откако се повреди и Џон Стоунс

Проблеми за Манчестер Сити, по Ајмерик Лапорт се повреди и Џон Стоунс, па Пеп Гвардиола на располагање има само еден здрав централен дефанзивец во името на Николас Отаменди.

Попладнево од Украина, каде „граѓаните“ утре се среќаваат со Шахтар во Лигата на шампионите, пристигна вест дека Англичанецот има повреда на мускулот и ќе паузира помеѓу четири и пет недели.

Па во следните месец дена, Пеп Гвардиола ќе мора со крпена одбрана. Стратегот како опција има да го врати поназад искусниот Фернандињо, кој е последен играч во редот за врска, или пак Кајл Вокер да го прекомандува во срцето на одбраната а Жоао Кансело да го завземе неговото место на десната бековска позиција.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе