Може да заврши зад решетки поради бизарна причина

Проблеми за Баерн, Лукас Ернандез треба да лежи шест месеци во затвор!?

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Лукс Ернандез на 19. октомври треба да се појави пред суд во Мадрид за да одбере затвор во кој доброволно ќе се пријави за да отслужи казна од шест месеци.

Баерн Минхен може да има сериозни проблеми во продолжението од сезоната и да остане без услугите на Лукас Ернандез, најскапото засилување во историјата на клубот.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Французинот на 19. октомври треба да се појави пред суд во Мадрид за да одбере затвор во кој доброволно ќе се пријави (има рок од десет дена) за да отслужи казна од шесет месеци.

Неговите адвокати имаат поднесено жалба, но големи се шансите тој да заврши зад решетки, макар и на неколку дена (доколку жалбата биде успешна).

Причината за затворската казна е прилично бизарна. Имено, Лукас Ернандез на почетокот од 2017 физички ја нападна својата девојка на улица во Мадрид, па доби забрана за доближување, како и општествено корисна работа.

Сепак, неколку месеци подоцна, двајцата се смирија и заминаа на одмор во САД. При враќањето од одмор, полицијата на аеродромот во Мадрид го приведе Лукас Ернандез бидејќи ја прекршил забраната за доближување.

Амалија де ла Оса во меѓувреме му стана и сопруга на Лукас Ернандез, но за судот ова нема никакво значење и на фудбалерот му е изречена затворска казна од шест месеци поради прекршување на забраната за доближување.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе