Во четврток ги чека меч против РБ Лајпциг

Проблеми за Атлетико, двајца позитивни на коронавирус пред да летнат за Португалија и Ф8 турнирот во ЛШ

Од таборот на Атлетико Мадрид соопштија дека двајца членови на експедицијата, која утре треба да отпатува за Португалија и Ф8 турнирот во Лигата на шампионите, се заразени со ковид 19.

„Колчонероси“ во понеделник треба да отпатуваат за Португалија за завршницата од најелитното европско натпреварување, па како дел од протоколите, синоќа биле направени тестови на сите членови од експедицијата.

Резултатите пристигнале денеска и вечерва е соопштено дека две лица се позитивни на коронавирус. Во моментов не се открива идентитетот на лицата заразени со ковид 19, ниту пак се знае дали станува збор за фудбалери или луѓе од персоналот.

Утре ќе бидат извршени нови тестови, а клубот во соработка со УЕФА ќе направи нови планови за патот кон Лисабон.

Атлтико Мадрид во четврток треба да игра против РБ Лајпциг во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе