Квалификации за СП 2022

Проблем: ќе бидеме без Елмас во полуфиналето од баражот!

Му се израдувавме на големиот успех, но можеме да жалиме за жолтиот картон на Елиф Елмас, поради него тој нема да игра на полуфиналето од баражот. 

Елмас со два гола беше херој на Македонија во победата над Исланд, но жолтиот картон што го доби ни прави проблем.
 
Картоните од квалификациите не се поништуваат, ова за Елмас беше втор жолт картон, а тоа значи дека Благоја Милевски нема да може да смета на него за полуфиналето од баражот.
 
Елмас е еден од клучните фудбалери, па неговото отсуство ќе биде сериозен удар за Македонија.
 
Покрај него нема да можеме да сметаме ниту на Тихимир Костадинов, кој исто така има парен број жолти картони.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе