ФИФА доби поддршка од ИФАБ

Привремена промена на правилата: Фудбалот може да продолжи со пет измени и без ВАР

Светската куќа на фудбалот попладнево соопшти дека фудбалските првенства кои ќе продолжат овој и следниот месец, ќе можат да користат по пет измени, исто така ВАР технологијата не е задолжителна.

Бордот на интернационални фудбалски асоцијации (ИФАБ) ги одобри привремените промени во правилата за фудбалските првенства кои решија да ги продолжат сезоните и да завршат до 31. декември.

ФИФА попладнево соопшти дека екипите ќе имаат право на пет измени, кои ќе можат да се направат во три наврати во текот на натпреварот, како и на полувремето. Со оваа промена на правилата, целта е да се спречат повреди на фудбалерите со оглед на тоа дека ќе има згуснат распоред и малку време за одмор помеѓу два натпревари.

Првенствата кои го имаат имплементирано ВАР, исто така добија одврзани раце да одлучат дали ќе ја користат видеотехнологијата во продолжението од сезоната или пак судиите ќе немаат помош од ВАР собата.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе