Четири лица завршија зад решетки по едно се уште се трага

Албанска криминална група „оперирала“ по куќите на ѕвездите од Реал и Атлетико, приведени четири лица

Полицијата од Шпанија синоќа приведе четири лица а по уште едно е распишана меѓународна потерница, разбиена е групата која крадеше од домовите на фудбалерите на Реал и Атлетико.

Изминатиов период, неколку фудбалери на Реал и Атлетико беа ограбени додека настапуваа за своите тимови, најчесто кога гостуваа. Крадците од нивните домови си заминуваа со убав плен, односно пари и скапоцен накит.

Полицијата сепак успеа да ги пронајде виновниците и синоќа приведе четири лица, а по уште едно е распишана меѓународна потерница, се работи за албанска криминална група.

При претреси во Мадрид и Толедо, бил пронајден голем дел од украдениот накит, 10.000 евра во кеш и други вредни предмети, помеѓу кои медалот за вицешампион во Лигата на шампиони на Томас Парти од Атлетико Мадрид, како и пасошот на играчот.

Покрај Томас Парти, ограбени изминатиов период беа и Алваро Мората, Лукас Васкез, Иско и Зинедин Зидан.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе