Прво засилување за Лампард

Пристигна официјална потврда, Зијеш во Челси за 40+4 милиони евра

Ајакс и Челси потврдија дека Хаким Зијеш се пресели во Лондон, трансферот на Мароканецот е вреден 40 милиони евра, плус додатни 4 милиони евра во бонуси.

Френк Лампард побара од раководството на Челси да го донесе Мароканецот на Стемфорд Бриџ уште во јануари, но Ајакс одби да се раздели со својата ѕвезда сред сезона. Сепак, двата клуба ги продолжија преговорите и си подадоа рака за трансфер кој ќе се реализира на 1. јули.

Ајакс ги откри и деталите од зделката, Челси за Хаким Зијеш ќе плати 40 милиони евра, плус додатни 4 милиони евра во бонус.

Клубот од Амстердам исто така на социјалните мрежи испрати и порака до „сините“ со компилација од најдобрите потези на офанзивецот и напиша: „Мора да верувате во неговата магија и големи работи ќе се случат“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе