Започнува нова ера на „Џузепе Меаца“

Пристигна официјална потврда, Инѕаги го менува Конте за три пати помала плата

Симоне Инѕаги и официјално е нов тренер на Интер, шампионот на Италија попладнево соопшти дека стартегот ставил потпис на двегодишен договор.

Интер започнува нова ера со Симоне Инѕаги на кормилото. Стратегот утрово пристигна во Милан, доби прошетка во тренинг центарот во Апиано Џентиле и се обврза на двегодишна соработка со „нероаѕурите“.

„Интер сака да му посака добредојде на Симоне Инѕаги, новиот тренер на првиот тим. Стратегот стави потпис на двегодишен договор“ – гласеше известувањето.

Симоне Инѕаги ќе има плата од околу 4 милиони евра, што е три пати помалку од она што го добиваше Антонио Конте. Сепак, тој сигурно нема да жали многу, оваа сума е двојно повеќе од она што му го нудеше Лацио за продолжување на верноста.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе