Пред четири години остана без клуб, синоќа испиша историја

Приказна на денот: „Ѕверот“ Акинфенва е пример зошто секогаш треба да верувате во себе, му честиташе и Клоп! (ВИДЕО)

Адебајо Акинфенва ја има приказната на денот откако успеа со Викомб да се избори за пласман во Чемпионшип, 38 годишниот напаѓач дури доби и честитка од Јирген Клоп.

Синоќа на Вембли се играше финале од плеј-офот за влез во Чемпионшип, Викомб со 2-1 славеше над Оксфорд, па за прв пат во својата 133 годишна историја ќе игра во втората лига на Англија.

За Викомб настапува „ѕверот“ Адебајо Акинфенва кој нема конституција на атлета, или барем не онаква каква што сме навикнати да гледаме од врвните фудбалери. 38 годишниот напаѓач сепак е пример зошто секогаш треба да се верува во себе, имаше интервју полно со емоции, па на крајот доби честитки од Јирген Клоп.

„Најпрво, сакам да му се заблагодарам на Бог, невозможносто стана возможно. Пред четири години стоев пред вас и технички бев невработен“ – порача напаѓачот, кој во 2016 беше известен од страна на Вимблдон дека неговите услуги повеќе не се потребни.

„Се надевам дека мојата приказна ќе ви покаже дека единственото мислење кое е важно е вашето сопствено мислење. Бев благословен и имав среќа да најдам тренер и играчи кои веруваат во мене, па еве денес сме тука. Ќе повторам за луѓето во позадина да слушнат: Викомб е во Чемпионшип!“.


Адебајко Акинфенва, кој е голем фан на Ливерпул, исто така порача дека единствениот кој може да му се јави вечерва е Јирген Клоп, и токму тоа се случи. Фудбалерите на Ливерпул го гледале интервјуто, го известиле Германецот па тој му честиташе на напаѓачот.

„Здраво голем човеку, честитки. Го гледав натпреварот, но не ги гледав интервјуата. Сепак, Хендо (Џордан Хендерсон) ми кажаа дека си сакал да стапиме во контакт. Честитки. Цел живот си се борел за ова, и конечно ќе играш во Чемпионшип. Браво. Голема, голема победа. Ова се чудни времиња, се надевам дека ќе славиш соодветно“ – гласеше видео пораката на тренерот на Ливерпул.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе