„Каталонците“ го меркаат Египјанецот

Пријател на Куман открива: Сака да го купи Салах, а и Салах сака да се пресели во Барса

Роналд Куман посакува да го ангажира Мохамед Салах од Ливерпул а и Египјанецот е заинтересиран за преселба на Камп Ноу, ова го тврди пријател на стратегот на Барселона.

Откако Холанѓанецот го превзеде кормилото на „каталонците“, низ медиумите има најразлични шпекулации за имињата кои се на листата со желби на стратегот. Неговиот добар пријател, Сјак Сварт сега отквира дека на списокот се наоѓа и Мохамед Салах.

„Знам дака Куман го сака Салах, а знам и дека Салах сака во Барселона“ – вели легендата на Холандија.

Запрашан да го открие изворот на оваа информација, тој само кратко додаде: „Не можам“.

Медиумите претходно пишуваа дека Роналд Куман го сака Садио Мане како замена за Лео Меси. Сепак, Аргентинецот останува, барем уште една сезона. Исто така, Ливерпул сигурно нема лесно да се откаже од својата ѕвезда, а и „каталонците“ немаат финансиски средства за реализирање на еден ваков трансфер.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе