Посредници го понудиле ЦР7 на шампионот на Германија

Причините поради кои Баерн Минхен го одбил Роналдо

Медиумите од Германија велат дека Кристијано Роналдо навистина бил понуден на Баерн Минхен, но „баварците" го одбиле ЦР7 поради неколку причини.

Оваа недела се појавија гласини дека Кристијано Роналдо размислува за заминување од Манчестер јунајтед бидејќи „ѓаволите“ не се засилуваат како што тоа го прават ривалите. 

Португалецот потоа беше најавен како наследник на Роберт Левандовски во Баерн Минхен, но за брзо време пристигна информација дека еден ваков трансфер нема да се реализира. 

Според пишувањата на Спорт1, посредници го понудиле Кристијано Роналдо на Баерн Минхен, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ разговарале и на крајот решиле да го одбијат ЦР7. 

Скај Спорт Германија вели дека неколку причини стојат зад ова, првата е високата плата од 30 милиони евра нето, која ќе ја наруши структурата за плати на Алианц Арена. 

Проблем се и годините (37) на напаѓачот, а Кан и Брацо исто така сметале дека Кристијано Роналдо не може да игра пресинг, а токму таков е стилот на игра на Баерн. 

Тие исто така имале и одредени резервации за тоа како Јулијан Нагелсман, кој е помлад од Кристијано Роналдо, ќе ја менаџира португалската ѕвезда и се стравувало дека може да се наруши атмосферата во соблекувалната.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе