Се наближува годишнината од смртта на Диего Марадона (25. ноември), па докторот и новинар Нелсон Кастро во една емисија на „Ел тресе (Канал 13)“ ја промовираше својата книга „Здравјето на Диего: Вистинската приказна“.
На прашање на новинарката дали е вистина дека Диего Марадона е погребан без срце, тој одоговри: „Да, точно е. Беше откриено дека група ултрас навивачи на Химнасија Ла Плата планираат да го украдат срцето, па беше одлучено да го погребаат без срце. Ова е само едната причина, втората е за да се вршат тестови и испитувања и да се утврди причината за смртта“.
Тој исто така откри дека срцето на Диего Марадона тежело околу половина килограм, а вообичано треба да тежи околу 300 грама.