Лига на шампиони

Претседателот на Турција, Ердоган го осуди расизмот во Париз (ФОТО)

Претседателот на Турција, Реџеп Тајп Ердоган се огласи по повод големиот расистички скандал кој се случи во Париз кога од страна на судијата беше навреден член на Башакшехир. 

Мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир се прогнозираше дека ќе помине неприметно поради тоа што немаше големо резултатско значење, а на програмата имаше многу поинтересни мечеви од Лигата на шампионите, но напротив, овој дуел беше во центарот на вниманието. Причина е големиот расистички скандал кога судија навреди член на гостите.
 
Турскиот претседател Реџеп Тајп Ердоган се јави по мечот преку социјалните мрежи и го осуди расизмот.
 
„Силно ги осудувам расистичките навреди што ги доби Пјер Вебо, еден од претставниците на стручниот штаб на Башкшехир и верувам дека УЕФА ќе ги преземе неопходните чекори. Ние безусловни сме против расизмот и дискриминацијата во спортот и во сите сфери на животот“, напиша Ердоган на својот твитер профил.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе