Наполи

Претседателот на Наполи образложи зошто трансферот на Елмас е одложен

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис го потврди големиот интерес за Елиф Елмас, но и кажа зошто трансферот не се реализира брзо како што најавија медиумите.

Италијанските медиуми најавија дека е постигнат договор меѓу Фенербахче и Наполи за Елиф Елмас и трансферот на македонскиот фудбалер многу брзо ќе биде реализиран. Но вчера играчот се приклучи на подготовките на Фенербахче во Истанбул.

„Имаме голем интерес за Елмас, не можам да го негирам тоа, но треба прво да комплетираме некои продажби за да избегнеме пренатрупаност во составот. Тоа никогаш не е продуктивно“, изјави претседателот на Наполи, Де Лаурентис на прашањето за Елмас во интервју за „Кориере дело Спорт“.

Во интервјуто претходно изјави дека приоритет во моментов им е продажбата бидејќи имаат многу играчи и треба да го редуцираат тимот, но најави и нови засилувања.

Интересот за Елмас е реален и „Кориере дело Спорт“ уште еднаш потврди дека преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза. Веројатно е прашање на време кога зделката ќе биде комплетирана.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе