Бара да се стави крај на лудите трансфер суми, провизии и плати

Претседателот на ФФГ бара воведување на „селари-кап“: Да го вратиме фудбалот поблиску до обичните луѓе!

Првиот човек на Фудбалската федерација на Германија, Фриц Келер предлага да се воведе „селари-кап" за фудбалот да биде одржлив на долг рок но и да се врати поблиску до луѓето.

Фудбалот е најбогатиот спорт во Европа, играчите добиваат мултимилионски договори, клубовите трошат луди пари на трансфери, а убав е колачот и за агентите кои добиваат милионски провизии.

Но пандемијата на коронавирус покажа дека и фудбалот може да биде фрлен на колена. Дури и најбогатите клубови мораа да ги намалат платите на фудбалерите, и по секоја цена се инсистира првенствата да продолжат, да се спаси колку може од сезоната бидејќи последиците ќе бидат огромни и многу клубови ќе дојдат на работ на егзистенција доколку предвреме се стави крај на сезоната.

За фудбалот да биде одржлив на долг рок, претседателот на ФФГ, Фриц Келер предлага воведување на „селари-кап“, односно ограничувања на платите. Тој смета дека ова е неопходно и од социјален аспект, односно фудбалот да се врати поблиску до луѓето.

„Мораме фудбалот да го вратиме поблиску до луѓето. Мораме да почнеме да размислуваме за „селари-кап“. Мораме да разговараме за реформа на Финансискиот фер плеј. Ќе стапам во контакт со моите колеги ширум Европа, ќе разговарам и со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Ќе треба да најдеме решение кое е во склоп со законите на Европската унија, а ќе може да се примени и во Велика Британија“ – вели Фриц Келер.

„Милионските провизии за агентите и лудите трансфер суми се повеќе го иритираат обичниот човек и го оддалечуваат од нашиот сакан спорт“.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе