Македонскиот капитен има отворена понуда

Претседателот на Џенова му рекол на Пандев: Тука можеш да останеш колку сакаш

Претседателот на Џенова, Енрико Прециози вели дека му рекол на Горан Пандев дека може да остане во клубот колку сака. 

Планот на Пандев беше да игра до Европското фудбалско првенство бидејќи Македонија има реална шанса да биде таму, па со настап на едно големо натпреварување да ја заврши кариерата.
 
Но поради коронавирусот, Европското првенство се одложи за следната година, што значи дека ако сака да го исполни сонот Пандев ќе треба да го одложи пензионирањето.
 
Во интервју за „Газета дело Спорт“, претседателот на Џенова, Прециози вели дека му дал отворена понуда на Пандев за останување во тимот.
 
На последната средба му реков: Сакаш да играш на Европското првенство? Тогаш остани тука колку да сакаш. Горан Пандев е еден од најсериозните фудбалери кои ги имам сретнато. Многу сум приврзан со него. Остава неизбришлив траг врз нас“, вели Енрико Прециози.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе