Смета дека сезоната во Серија А веќе е завршена

Претседателот на Бреша: Луѓе остануваат без работа, умираат секој ден... а ние мислиме кога ќе продолжи сезоната

Првиот човек на Бреша, Масимо Челино вели дека сезоната 2019/20 е завршена поради коронавирусот, смета дека нема услови за продолжување на првенството и „удри" по оние кои сакаат топката да почне да се тркала во следните месеци.

Италија е најпогодената земја во Европа од епидемијата на коронавирус, бројот на заразени и жртви продолжува да расте со забрзано темпо, па владата донесе нов сет мерки и ги затвори сите погони од нестратешки бизниси за да го спречи ширењето на Ковид 19.

Но и покрај тоа, некои клубови (Лацио и Наполи) решија да почнат со тренинзи од следната недела и да се подготвуваат за продолжението од сезоната, иако никој не знае дали тоа ќе биде мај, јуни или јули месец.

Во разговор со Кориере дело Спорт, првиот човек на Бреша изјави дека сезоната е завршен и фокусот треба да биде на следната.

„Не треба да се правиме луди, како може сезоната да продолжи? Јас се насочувам на следната. Скудетото? Ако Клаудио Лотито толку многу го сака, може да го добие. Како може да зборуваме за титулата од Серија А кога на порти имаме чума? Во моментов, фудбалот ми е најмала грижа“ – вели Масимо Челино.

„Животот е поважен од се друго. Повеќе не можеме да играме оваа сезона. Очигледно некои не разбираат што навистина се случува, и овие луѓе се полоши од вирусот. Не верувам во чуда, престанав да верувам многу одамна, па ајде да го притиснеме копчето за ресет“.

„Наместо да мислиме кога ќе продолжи сезоната, треба да мислиме дали воопшто ќе преживееме. Бидете реални луѓе, ова е чума“.

„Одигравме две третини од сезоната, една третина недостасува. Сезоната е заврешна, па доколку некој го сака тоа проклето Скудето, слободно нека го добие. Не го велам ова поради фактот што Бреша е последна на табелата. На дното сме бидејќи заслужуваме да сме таму, прв го признавам ова“.

„Другите што сакаат нека прават. Јас мислам на луѓето кои остануваат без работа, кои умираат секој ден... Фудбалот е бизнис, но е способен да преживее ваква криза“.

„Едноставно е, чим нема да се доигра една третина, ќе скратиме една третина од платите, една третина од ТВ правата и една третина од даноците. Тоа е лесен начин да се реши проблемот“.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе