Се опипува теренот за спектакуларен трансфер

Претседателот на Барса побарал совет од Меси и останатите: Што мислите за враќање на Нејмар?

Жозеп Мариа Бартомеу го опипува теренот за враќање на Нејмар, првиот човек на Барсa разговарал со првите ѕвезди на тимот и ги прашал што мислат за идеата Бразилецот одново да го облече дресот на „Каталонците".

Вчера Мундо Депортиво го стави Нејмар на својата насловна страна, пренесе дека напаѓачот на директори, функционери и играчи од Барса им кажал дека сака да се врати. Весникот исто така објасни дека еден ваков трансфер е комплициран но не и невозможен.

Сега на оваа тема се огласи уште еден медиум, во емисијата „Ту Дирас“ на радио станицата РАК 1 била коментирана сторијата на МД и додаден еден важен детаљ.

Претседалот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу се консултирал со „тешкашите“ во соблекувалната и ги прашал Меси, Суарез и компанија какво е расположението за потенцијално враќање на Бразилецот на Камп Ноу.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе