Се очекува нов тренер и претседателски избори

Претседателот на Барса најави многу промени: Одредени одлуки веќе се донесени, ќе донесеме и нови во следните денови

Жозеп Мариа Бартомеу најави промени во Барселона, вели дека веќе се донесени одредени одлуки, а ќе бидат донесни и нови по историскиот пораз од Баерн Минхен, медиумите пишуваат дека Кике Сетиен ќе добие отказ.

Претседателот на Барселона се појави пред микрофоните по тешкиот пораз од Баерн и елиминацијата во Лигата на шампиони. Жозеп Мариа Бартомеу им се извини на фановите и најави промени.

„Ова е тежок пораз. Жал ми е а фановите, играчите и сите оние кои се поврзани со клубот. Жерард Пике е во право, мора да има промени. Некое одлуки веќе се донесени, а други ќе бидат донесени како резултат на денешниот натпревар. Во следниот период ќе бидат извршени, но ова не е момент да се зборува за нив. Треба само да им се извиниме на навивачите“ – вели Бартомеу.

Секако, сите сакаат да знаат каква е иднината на Кике Сетиен и дали ќе има избори, но Бартомеу одби да навлегува во детали.

„Повторувам, дел од одлуките беа донесени пред почетокот на Лигата на шампионите, а по денешниот пораз ќе бидат донесени и други. Во следните недели ќе има повеќе информации“.

Медиумите веќе на големо пишуваат дека Кике Сетиен ќе добие отказ и дека неговите денови на кормилото на Барса се избројани.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе