Фудбалерката на ПСЖ беше претепана од две маскирани лица

Пресврт во случајот на Хамрауи: Под истрага сега е поранешниот играч на Барселона, Ерик Абидал

Медиумите од Франција пишуваат за пресврт во случајот на Кејра Хамрауи, за нападот врз фудбалерката на ПСЖ сега под е истрага е поранешниот играч на Барселона, Ерик Абидал.

Минатата недела беше објавено за голем скандал во ПСЖ откако полицијата ја приведе Амината Дијало и ја обвини дека стои зад нападот на нејзината колешка Кејра Хамрауи, кој ноќта на 4. ноември била удирана со метална прачка по нозете и рацете од страна на две маскирани лица.

Тогаш се говореше за спортско ривалство, Амината Дијало за да има поголема минутажа наводно договорила да и ги скршат нозете на Кејра Хамрауи.

Полицијата ја испрашуваше Амината Дијало повеќе од 36 часа, и од нејзините искази но и од исказите на другите лица, било заклучено дека таа не го организирала нападот.

Според Ле Монд, сега се истражува друга теорија и во фокусот е поранешниот играч на Барселона, Ерик Абидал. Телефонот на Кејра Хамрауи бил регистриран на име на Абидал, и ова е показател дека двајцата имале некаква врска. Исто така, неколку фудбалерки на ПСЖ сведочеле дека ден по нападот, Кјера му се јавила на Абидал.

Исто така, фудбалерките кои биле сведоци на нападот, слушнале како лицата и дофрлиле на Кејра Хамрауи: „Сакаш да спиеш со женети мажи?“.

Kејра Хамрауи беше дел од тимот на Барселона од 2018 до 2021 година, додека пак Ерик Абидал во периодот од 2018 до 2020 работеше како технички директор на Барселона.

Ле Монд вели дека Ерик Абидал во скоро време ќе даде изјава пред истражителите, а не се исклучува можноста истото да го стори и неговата сопруга.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе