Се чинеше дека ќе потпише за Челси, но...

Пресврт, Барселона ја добива трката по Кунде

Иако се чинеше дека дефанзивецот на Севиља ќе потпише за Челси, последните информации велат дека Барселона сега е тимот кој ќе го добие овој играч. 

Трансферот на Жил Кунде стана вистинска сапуница во изминатите денови, а ако може да им се верува на утринските информации од Шпанија, тоа е дека Барселона е пред потпис со дефанзивецот.
 
Барселона цела ноќ работела на трансферот за Кунде, а утрово постигнале договор со Севиља.
 
Доколку не се случи некое ново чудо, Кунде ќе потпише за Барселона. Се верува дека работата е 99 проценти готова. 
 
Се очекува трансферот во текот на денот или утре да биде официјално објавен.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе