Фотелјаши

Престанете да го уништувате Дербито на Македонија!

Тоа што деновиве се случува со најголемото македонско фудбалско дерби, натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар, е доказ колку лесно може да биде уништена една спортска и навивачка традиција, која и онака долги години е на разнишани нозе кај нас.

Прво се случи одложувањето на мечот поради немирите во саботата во Скопје. Наводно, специјалните сили на МВР биле потребни во метрополата, спремни за евентуални нови немири. Кои ги немаше...

А двата тима беа спремни до максимум, и организациски и играчки, да понудат вистински спектакл на теренот. На трибините, за атмосфера беа задолжени двете навивачи групи – комити и чкембари, чија нетрпеливост е општопозната сиве овие години. Но и задолжителен декор на овие натпревари.

Денеска дојде уште еден шок. Нема да има телевизиски пренос поради програмски и технички причини на националната ТВ. Во меѓувреме, вардаровите навивачи речиси и да го откажаа гостувањето во Битола – поради разочараноста за тоа што мечот е одложен, но и поради тоа што превозниците деновиве се зафатени со превоз на едни поинакви симпатизери.

Слична е атмосферата и кај битолчани. Тие ветуваа празник на фудбалот во неделата, народот живееше за дуелот со Вардар. Сега, се чувствува резигнираност и таму. Среда и недела не е исто...

Никому не му е сеедно што дербито нема да биде со целосен декор. Актерите на теренот ќе дадат сѐ од себе, но многу нешта ќе недостигаат. „Тензијата", која сите ја осудуваат и тоа како му е потребна на македонскиот фудбал, овојпат ќе отсуствува! Никому не му е сеедно, освен на – ФФМ.

Колку само меко ја прифатија тие препораката од МВР, како едвај да чекаа одложување. Испадна дека тие се најсреќни што дербито ќе личи на на сѐ само не на дерби. Наместо да им се радуваат на интересот, публиката, полните стадиони, тие заговараат некаквиси акции „Фудбал 100 %"...

На кој чист фудбал мислите бе, фотелјаши едни – на оној од Кратово завчера? Така ли сакате да тргне кон подобро? Со очила за сонце и дебели дневници од УЕФА? Така мислеа и претходните, па затоа се претходни!

Прекинете да го уништувате тоа што барем малку вреди во македонскиот фудбал. „Дербито на Македонија" не смее да умре. Никогаш!

Златко Крстевски

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе