Англичаните имаат свој луд план за финиш на сезоната

Премиерлигата ќе почне во јуни, ќе се доигра за само шест недели и ќе биде жртвувано едно место во ЛЕ?!

Клубовите од Премиерлигата разгледуваат план според кој сезоната ќе продолжи во јуни месец, ќе се доигра за само шест недели а ваквиот распоред ќе значи и откажување од едно место во Лига Европа.

Во четвртокот, ФА имаше состанок со Премиерлигата и ЕФЛ на кој беше договорено суспензијата на сезоната да трае до 30. април. Но исто како и во другите земји ширум Европа, и клубовите од Англија се песимисти и не веруваат дека првенството ќе продолжи во мај, па се прават планови за сезоната како така да се доигра и барем да се соберат парите од ТВ правата.

Според пишувањата на Телеграф, клубовите од Премиерлигата се подготвени да се откажат од едно мество во Лига Европа за да се доигра сезоната.

Првите четири клубови на табелата одат директно во групната фаза од Лигата на шампиони, следните два одат директно во групната фаза од Лига Европа, а седмопласираниот тим игра квалификации за ЛЕ. При едно вакво сценарио, жртва ќе биде токму местото преку квалификациите, кои почнуваат во јули месец.

Планот исто така предвидува превенството да продолжи на 1. јуни и да се доигра за само шест недели. Натпреварите ќе се играат без присуство на публика. Потоа ќе следи краток одмор, па нови подготовки и почеток на сезоната 2020/21 од средината на август.

Колку сето ова ќе биде изводливо останува да се види во следниот период.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе