Само еден клуб инкасирал помалку од 100 милиони фунти

Премиерлигата ги соопшти официјалните бројки, еве кој доби најмногу од колачот вреден 2,5 милјарди фунти (ФОТО)

За сезоната 2018/2019, клубовите од Премиерлигата поделиле речиси 2,5 милјарди фунти, најмногу инкасирал Ливерпул и дури 19 клубови добиле над 100 милиони фунти.

Формулата по која се распределуваат средствата е позната, па медиумите неколку часа по финишот на сезоната направија први пресметки кои покажаа дека Ливерпул иако не е шампион, најдобро ќе се офајди. Причина за ова е тоа што Скај и БТ пренесувале три натпревари повеќе на „црвените“ односно 29 мечеви, наспроти 26 на „граѓаните“.

Премиерлигата сега ги соопшти официјалните бројки, кои горе-долу се слични на прогнозите кои беа направени. Од табелата која беше објавена се гледа дека 20-те клуба поделиле речиси 2,5 милјарди фунти. Ливерпул добил речиси 152,5 милиони фунти, а шампионот Манчестер Сити речиси 151 милион фунти.

Единствен кој не заработил 100 милиони фунти е последнопласираниот Хадерсфилд, кој добил 96,6 милиони фунти. Па не случајно сите премиерлигаши трошат како луди на засилувања. Само за потсетување, еден Фулам минатото лето на нови играчи одвои околу 100 милиони фунти.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе