Португалецот го доби својот заштитен број

Премиерлигата даде зелено светло, Роналдо ќе ја носи 7-ката

Манчестер јунајтед вечерва соопшти дека Кристијано Роналдо го добил дресот со број 7, Единсон Кавани пак во продолжението од сезоната ќе го носи дресот со број 21.

Кристијано Роналдо ќе го добие својот заштитен број на Олд Трафорд, Премиерлигата реши да им даде на „ѓаволите“ посебна дозвола за промена.

Манчестер јунајтед вечерва соопшти дека Португалецот на грбот ќе ја носи 7-ката, која претходно му припаѓаше на Единсон Кавани.

Уругваецот пак во породолжението од сезоната ќе го носи дресот со број 21, кој му припаѓаше на младиот Даниел Џејмс, кој во последните денови од преодниот рок беше продаден на Лидс.

„Не бев сигурен дека ќе биде возможно повторно да го носам дресот со број 7. Па сакам да му се заблагодарам на Еди (Кавани) за овој неверојатен гест“ – рече Кристијано Роналдо.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе