Сакаат да испаднат во втора лига

Премиерлигашите прават пакт, нема да продаваат фудбалери на Њукасл!

Според пишувањата на Телеграф, Премиерлигашите се договориле да го бојкотираат Њукасл и да не му продаваат или позајмуваат фудбалери во зимскиот преоден рок со надеж дека популарните „чавки" ќе завршат во втора лига.

Минатиот месец, Њукасл стана најбогатиот клуб во светот откако конзорциум предводен од Саудиска Арабија ја превзеде сопственоста од Мајл Ешли. Ваквиот развој на настаните не им се допадна на останатите Премиерлигаши, па тие веќе поставија неколку сопки.

Според пишувањата на Телеграф, ривалите продолжуваат да работат заедно против Њукасл и се договориле да не им продаваат или позајмуваат фудбалери во јануари. Се очекува популарните „чавки“ да го одврзат ќесето во зимскиот преоден рок и да донесат неколку засилувања со кои ќе си ги зголемат шансите за опстанок.

Њукасл се поврзува со имиња како Исмаила Сар, Џеси Лингард, Џејс Тарковски и Рос Баркли, но останува да се види дали ќе успеат да договорат некого од овие играчи или клубовите ќе останат доследни на пактот и мотото „На било кого, само не на Њукасл“.

Телеграф додава дека Премиерлигашите се надеваат дека Њукасл ќе заврши во втора лига и ова малку ќе го забави планот на новите сопственици да го направат клубот еден од најдобрите во Англија и Европа.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе