Премиерлига

Премиерлигашите имаат план и како да ја завршат сезоната ако не можат да ја доиграат докрај

Премиерлигата ќе продолжи на 17 јуни, но клубовите се договорија и како да заврши сезоната ако таа поради пандемијата од коронавирус сепак не може да заврши докрај.

Во случај сезоната во Премиерлигата да не се доигра, клубовите се договорија да се примени системот поени од натпревар. Односно да се важи актуелната табела во моментот кога е прекинато првенството, а доколку некој има помалку или повеќе одиграни натпревари се вади просекот на освоени бодови.

Тоа значи дека Ливерпул повеќе не треба да стравува дали ќе ја освои титулата оваа сезона.

На вчерашниот состанок договорено беше сезоната да продолжи на 17 јуни. На првиот ден се игра дерби натпреварот меѓу Манчестер Сити и Арсенал, како и дуелот меѓу Астон Вила и Шефилд јунајтед.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе