Бундеслига

Прекрасен гол на Левен, Аугсбург го среди Шалке среде Гелзенкирхен (ВИДЕО)

Шалке претрпе нов убедлив пораз, попладнево на сопствен терен загуби од 0-3 во дуелот со Аугсбург, мечот го одбележа прекрасниот гол од слободен удар на Левен.

„Рударите“ како се уште да се на пауза, по поразот од Борусија Дортмунд од 4-0 пред седум дена, денеска „шлаканица“ добија и во пресемтката со Аугсбург на свој терен.

Гостите целосно го надиграа Шалке, славеа со 0-3 и од Гелзенкирхен си заминаа со три бода.

Резултатот беше отворен веќе во 6. минута, Левен мајсторски биеше од слободен удар и донесе предност за Аугсбург од 0-1.

Базе во 76. минута ги осигура трите бода, а во последните мигови од мечот, Кордова само ја потврди победата.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе