Премиерлига

Прекрасен гол на Кавани недоволен за триумф над Фулам, Лидс и Алиоски редат победи (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед одигра само 1-1 на Олд Трафорд против Фулам, Лидс ја забележа третата победа по ред откако го совлада Саутемптон на негов терен со 2-0. 

Ова претпоследно коло и последното коло од Премиерлигата се играат пред публика, но Манчестер јунајтед не им приреди радост на своите фанови.
 
Јунајтед поведе со прекрасен гол на Кавани во 15. минута од натпреварот, но Брајан на 15 минути пред крајот донесе бод за Фулам.

Лидс ја забележа третата победа по ред откако со 2-0 го совлада Саутемптон на негов терен, Алиоски го одигра целиот меч.
 
Резултатот го отвори Бамфорд во 73. минута од натпреварот, Робертс во 95. минута го постави конечниот резултат.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе