Лопетеги го добива првото засилување

Преговорите бележат голем прогрес, Реал носи нов голман за рекордна сума

Без Зинедин Зидан во сликата, Флорентино Перез побрза да си ја исполни старата желба и да донесе звучно име на голманската позиција, на пат за Мадрид е Алисон од Рома во рекордна зделка од 70 милиони евра

По заминувањето на Зинедин Зидан позицијата на неколку играчи на Реал Мадрид беше ставена под знак прашалник, а се чини дека најмногу е погоден Кејлор Навас.

Репрезентативецот на Костарика уживаше голема доверба кај Французинот, но сега кога Зизу повеќе не е во сликата, Флорентино Перез ќе си ја исполни желбата да донесе звучно име.

Давид де Хеа е дамнешна желба исто како и Тибо Куртоа, но изборот падна на 25 годишниот Алисон од Рома. Мундо Депортиво вели дека преставници на „Кралевите“ со агентот на Бразилецот веќе ги испеглале сите детали и си подале рака за шест годишен договор.

И АС пишува на оваа тема, и вели дека преговорите помеѓу Реал Мадрид и Рома забележале голем прогрес во последните неколку дена, и речиси сите во репрезентацијата на Бразил сметаат дека Алисон ќе игра под воство на Хулен Лопетеги следната сезона.

„Волчицата“ побарала 80 милиони евра за услугите на голманот, додака пак првата понуда на „Кралевите“ била 60 милиони евра. Двата клуба сепак се нашле на средина и се договориле за трансфер вреден 70 милиони евра.

Со една ваква зделка, Алисон ќе стане најскапиот голман во историјата и конечно ќе го сруши рекордот на Џиџи Буфон, кој пред 17 години од Парма се пресели во Јувентус за 50 милиони евра.

АС исто така додава дека Ливерпул се обидува да му ги помати сметките на Реал Мадрид и го убедува голманот да го одбие шампионот на Европа бидејќи најдобра одлука за него е преселба во Премиерлигата и работа под водство на Јирген Клоп.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе