Навивачите на Манчестер јунајтед не се среќни поради тоа

Предвидувањето на Фергусон за Клоп и Ливерпул кое се оствари

Сер Алекс Фергусон во 2016 имаше големи пофалби за Јирген Клоп и предвидувања кои се остварија. 

Во првата сезона Клоп го однесе Ливерпул до финалето од Лига купот и Европа лигата, ги загуби и двете финалиња. Минатата сезона го освои првиот пехар со црвените и тоа во Лигата на шампионите. Во Премиерлигата освои 97 бодови кои не беа доволни за трофејот. 
 
Во моментов Ливерпул е прв со максимални бодови, има осум повеќе од Манчестер Сити.
 
Во недела се игра големото дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, па некои англиски медиуми се навратија на една изјава од Сер Алекс Фергусон во 2016 година.
 
„Тој изврши навистина добра работа и го препороди ентузијазмот во Ливерпул“, рече Фергусон во 2016 година.
 
„Може да се случи големите клубови да го загубат. Две декади Ливерпул менуваше тренери без да изгради сопствен идентитет“.
 
„Сега може да се насети дека тоа се случува оваа година. Може да ја видите посветеноста на Клоп крај аут линијата. Сигурен сум дека и работата на тренинзите му е слична. Тој е силна личност. А тоа е апсолутно неопходно за голем клуб“.
 
„Загрижен сум поради него бидејќи една од работите кои Манчестер јунајтед не ги сака тоа е Ливерпул да биде пред нас“.
 
Зборовите на Фергусон од 2016 година се остварија, Ливерпул веќе ги завршува сезоните пред Манчестер јунајтед, останува уште Клоп да им ја донесе титулата во Премиерлигата за неговата магија да биде комплетна.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе