Клубовите си подале рака

Пред неколку години бараа 100 милиони евра, Торино сега прифати 15 милиони од Интер за Белоти

Тутомеркатовеб пренесува дека Интер и Торино си подале рака за трансфер на Андреа Белоти вреден 15 милиони евра плус бонуси, напаѓачот сега треба да се договори со „нероаѕурите".

Андреа Белоти блесна во сезоната 2016/17, постигна 26 погодока во Серија А, па го привлече вниманието на многу гиганти ширум Европа. Торино тогаш не сакаше да слушне за продажба и побара 100 милиони евра. Ниту еден клуб не беше подготвен да плати толква сума, па популарниот „петал“ остана во Торино.

Интересот за неговите услуги во следните години се олади, па сега „биковите“ се подготвени да прифатат пет пати помала сума.

Тутомеркатовеб пренесува дека генералниот директор на Интер, Бепе Марота синоќа имал состанок со првиот човек на Торино, Урбано Каиро и си подале рака за трансфер вреден 15 милиони евра плус бонуси.

Хоакин Кореа од Лацио е прва желба на Симоне Инѕаги, но Бепе Мартоа не може да најде заеднички јазик со Клаудио Лотито и покрај тоа што ја зголеми понудата на 30 милиони евра. Па затоа „нероаѕурите“ се насочиле на план Б и за кратко време се договориле со Торино. Шампионот на Италија сега треба да постигне договор и со Андреа Белоти, во текот на денот ќе има средби со агентите на напаѓачот.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе