Една деценија од историскиот успех на Интер

Пред десет години Горан Пандев го крена пехарот од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Пред точно една деценија Горан Пандев се искачи на врвот на Европа, македонскиот капитен со Интер ја освои Лигата на шампионите. 

На денешен ден пред десет години на Сантијаго Бернабеу се одигра финалето од Лигата на шампионите меѓу Интер и Баерн Минхен кое го добија нероазурите со 2-0.
 
Мурињо го предводеше италијанскиот клуб до историската тројна круна а потоа остана во Мадрид каде потпиша за Реал.
 
Но за нас поважно е дека Горан Пандев ја освои Лигата на шампионите. Македонецот имаше значаен доприност во тимот на Мурињо за остварување на огромниот успех.
 
Пандев стана третиот Македонец кој станал европски клупски шампион, претходно тоа го направија Дарко Панчев и Илија Најдоски со Црвена звезда.
 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе