Најголемиот успех во историјата на Црвена звезда

Пред 29 години Панчев и Најдоски се качија на кровот на Европа

На денешен ден пред 29 години во Бари, Црвена звезда на пенали го победи Марсеј и стана Европски шампион, Македонија доби двајца фудбалски прваци, Дарко Панчев и Илија Најдоски кои беа клучни алки во составот.

Навивачите на Црвена звезда на секој 29. мај се потсетуваат на најголемиот успех во историјата кога го кренаа пехарот наменет за шампионот на Европа.

Фудбалерите на Љупко Петровиќ во финалето не блескаа, одиграа дефанзивно, но тоа го направија за да ја остварат целта, да станат европски шампиони, и успеаа во тоа.

Нашиот Дарко Панчев го изведе последниот удар од белата точка, по неговиот гол славјето можеше да почне.

„Да бидам искрен си реков дека подобро е противникот да промаши отколку јас да треба да го решам победникот. Психолошки тоа е голем притисок, имав страв бидејќи влогот беше голем. Но, кога ја земав топката и тргнав од центарот знаев дека Олмета нема што да бара, шутнав силно и многу прецизно и на Црвена звезда и ја донесов големата титула“, изјави Панчев за српските медиуми.

Покрај Панчев и Најдоски, убавината на на европската титула ја почувствува и Горан Пандев кој пред десет години оствари таков успех со Интер.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе