Финале кое не се заборава

Пред 15 години се случи чудо во Истанбул, Милан водеше со 3-0, но Ливерпул го крена пехарот од ЛШ (ВИДЕО)

На денешен ден пред 15 години се одигра најчудното финале во Лигата на шампионите, Милан водеше со 3-0 по првото полувреме, а на крајот Ливерпул се радуваше на големиот трофеј. 

Пред 15 години во Истанбул на стадионот „Ататурк“ се случи чудо кое фановите на Милан сакаат да го заборават, а навивачите на Ливерпул со насмевка се сеќаваат на овој ден.
 
Тоа финале од Лигата на шампионите почна перфектно за Милан, со гол на Малдини уште во првата минута поведоа со 1-0. Во првото полувреме следуваа уште два гола на Креспо за убедлива предност од 3-0 за росонерите.
 
При предност од три разлика во финале, речиси и никој да не веруваше во пресрет. Таков приод имаа и играчите на Милан во второто полувреме и тоа им се удри од глава.
 
Џерард во 54. минута намали на 3-1, а две минути подоцна Шмицер постигна гол за Ливерпул, веќе беше јасно дека црвените се вратија во игра.
 
Милан уште не беше соземен од шокот стигна израмнување, Алонсо во 60. минута погоди за 3-3. Ливерпул за шест минути постигна три гола и ја анулираше високата негатива.
 
Тој резултат беше актуелен до крајот па пеналите го решаваа победникот а во нив блескаше Јиржи Дудек. Тој со чудни движења на линијата ги дефокусираше играчите на Милан, па Сержињо, Пирло и Шевченко ги промашија шутевите, реализираа само Томасон и Кака. Во составот на Ливерпул погодија Хаман, Сисе и Шмицер по што славјето можеше да почне.
 
Ливерпул го крена пехарот од Лигата на шампионите.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе