Лига Европа квалификации

Познати можните противници на Академија Пандев, Македонија ЃП и Шкупи во второто коло

Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров и Шкупи ги дознаа можните противници за второто квалификациско коло од Лига Европа.

Македонските екипи синоќа ги дознаа противниците во првото квалификацико коло, а денеска оние со кои ќе играат ако го добијат првиот дуел.
 
Ако Академија Пандев го помине Зрињски, во второто квалификациско коло ќе игра против холандскиот Утрехт.
 
Ако Македонија Ѓорче Петров биде подобра од Алашкерт во втората рунда ќе игра со победникот од дуелот меѓу Стеауа од Романија и Милсами од Молдавија.
 
Доколку Шкупи го совлада Пјуник, следниот противник ќе им биде Јаблонец од Чешка.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе