Интер

Познати деталите за трансферот на Санчез во Интер

Се поизвесно е дека трансферот на Алексис Санчез од Манчестер јунајтед во Интер ќе се реализира наскоро. 

Според „Скај Спорт Италија“, денешните преговори меѓу агентот Фернандо Феличевич и Манчестер јунајтед завршиле добро, Алексис Санчез наскоро ќе се пресели во Интер.
 
Се очекува најдоцна до вторник Чилеанецот да ги помине медицинските тестови по што ќе го потпише договорот.
 
Италијанските медиуми ги откриваат деталите за овој трансфер. Оваа сезона Санчез ќе игра како позајмен фудбалер, половина од платата ќе добива од Интер, а половина од Манчестер јунајтед.
 
По крајот на сезоната Интер има опција комплетно да го откупи Санчез за 15 милиони евра.
 
Санчез долги години е желба на Антонио Конте кој конечно ќе работи со чилеанскиот фудбалер.
 
Ова е враќање на Санчез во Серија А, тој од 2008 до 2011 играше за Удинезе од каде премина во Барселона.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе