Премиерлига

Познат распоредот во Премиерлигата, дерби уште во првото коло!

Новите возбудувања во најсилното првенство на Англија започнуваат на 11-12 август, љубителите на Премиерлигата ќе видат дерби уште во првото коло кога Арсенал ќе го пречека Манчестер Сити

Унаи Емери ќе биде ставен на тест веќе на стартот од својата авантура на кормилото на Арсенал, стретегот за прв противник ќе го има Пеп Гвардиола и шампионскиот тим на Манчестер Сити.

Дуелот помеѓу „Топчиите“ и „Граѓаните“ е дербито на првото коло од новата сезона во Премиерлигата кое ќе биде на програмата на 11-12 август.

Овој викенд, вецешампионот Манчестер јунајтед ќе го пречека Лестер, Ливерпул е домаќин на Вест Хем, Тотенхем гостува кај Фулам а Хадерсфилд го пречекува Челси.

Шампионот на Чемпионшип, Вулверхемтон се среќава со Евертон, повратниот Фулам исто така игра на домашен терен против Кристал Палас, а Кардив гостува кај Борнмут. Во последните два натпревари од отварањето на новата сезона, Саутемптон е домаќин на Барнли, а Ватфрод се среќава со Брајтон на Викариџ Роуд.

Пеколниот старт за Емери продолжува и во второто коло, кога Арсенал гостува кај градскиот ривал Челси.

Од поинтересните средби, дербито на Манчесестер е на програмата на 10. ноември, кога „Граѓаните“ ќе ги пречекаат „Црвените ѓаволи“. Тотенхем ќе го има првиот натпревар на новиот стадион вреден 850 милиони фунти во 4. коло, а противник ќе им биде Ливерпул. Лутото дерби на Северен Лондон помеѓу „Спарси“ и Арсенал е на програмата на 1. декември.

Во декември се игра и Мерсисајд дербито, на Енфилд пристигнува Евертон, а во овој месец Ливерпул го пречекува и стариот ривал Манчестер јунајтед.

Целиот распоред можете да го погледнете ТУКА.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе