ПМФЛ

Познат е распоредот за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига

Од денеска е познат распоредот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига која стартува на 6. август. 

Во просториите на ФФМ денеска беше извлечен распоредот за новата сезона во ПМФЛ која и овојпат брои 12 екипи, неизвесно беше учеството на Ренова, но тимот од Џепчиште сепак останува во лигата.
 
Ќе се игра трокружно, познат е распоредот за првите два круга, односно 22 кола, а за последниот круг распоредот ќе зависи од пласманот на екипите.
 
Актуелниот шампион Шкупи во првото коло гостува на Тиквеш, кандидат за трофејот на чаирчани ќе биде Шкендија која на стартот игра дома со Скопје.
 
Прво коло ПМФЛ:
 
Шкендија – Скопје
Силекс – Работнички
Академија Пандев – Брегалница
Струга Трим Лум – Победа
Тиквеш – Шкупи
Македонија Ѓ.П. – Ренова
 
Комплетниот распоред на сите 22 кола можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе