Лапорта може да договори ваква зделка

Познат агент тврди: Нејмар и Меси ќе играат заедно но во Барселона

Андре Кури, човекот од доверба на Барса кој има голема заслуга за трансферот на Нејмар, вели дека Жоан Лапорта може одново да ги спои Бразилецот и Лео Меси на Камп Ноу.

Иднината на Лео Меси е топ тема изминатиов период, Аргентинецот ги одработува последните месеци од договорот. Се верува дека ПСЖ сака да го ангажира и од Париз пристигнаа неколку пораки преку медиумите.

Неколку играчи дадоа коментар, меѓу нив беше и Нејмар, кој изјави дека сака повторно да игра со Лео Меси.

На оваа тема сега говореше агентот Андре Кури, човек од доверба на Барселона кој има голема заслуга за трансферот на Нејмар на Камп Ноу.

„Нејмар ќе игра со Меси но во Барселона. Се сомневам дека можеме да ги видиме заедно во друг тим. Ќе биде во Барселона, каде никогаш не требаше и да се разделат“ – вели Кури.

„Пред две години добив насоки да го вратам Нејмар во Барса, бевме блиску до комплетирање на трансфер но ништо не се случи. Мислам дека Лапорта е многу добар претседател и може да реализира ваква зделка“.

За можноста Меси да замине од Камп Ноу, тој додава: „Мислам дека нема да замине. Неговата историја во Европа започна во дресот на Барса и треба да заврши таму“.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе