Напаѓачот завршил зад решетки

Повремениот македонски репрезентативец, Ејупи приведен во Хрватска, претепал човек за паркинг место

Медиумите од Хрватска пренесуваат дека Музафер Ејупи синоќа бил приведен во полиција поради инцидент во центарот на Копривница, фудбалерот со уште еден пријател претепал човек за паркинг место.

Музафер Ејупи вчера завршил зад решетки. Медиумите од Хрватска пренесуваат дека напаѓачот на Славен Белупо заедно со пријател претепале жител на Копривница. Инцидентот се случил во центарот на градот, а причината била расправија за паркинг место.

Полицијата без да открива детали соопшти дека 53 годишен човек се здобил со сериозни повреди, и дека две лица се приведени.

Сега ќе се испитува во каква мера била инволвираноста во тепачката на повремениот македонски репрезентативец и од тоа ќе зависи казната која ќе биде одредена за фудбалерот.

Музафер Ејупи настапува во Хрватска од 2015 година, по една година помината во Славен Белупо, се пресели во Осјек, за ова лето одново се врати во тимот од Копривница.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе